0 Тихомир Стојановски 1 ХРАМ НА ЉУБОВТА Скопје, Македонија 2024 2 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-97 СТОЈАНОВСКИ, Тихомир Храм на љубовта / Тихомир Стојановски. - Скопје : Скрб и утеха, 2024. - 341 стр. ; 21 см. - (Едиција Крвта Исусова) Фусноти кон текстот. - Тихомир Стојановски : (биографија на авторот): стр. 336-337. - Библиографија: стр. 341 ISBN 978-9989-198-24-3 COBISS.MK-ID 62814469 3 Ете, со тебе, Мил Исусе нека се расплодат овие живи слова во оваа Твоја приказна – сведоштво како врвиме само со Тебе, со водство од Тебе, со поука во Тебе, со дела од Тебе, како н ѐ учиш и менуваш, како н ѐ преродуваш од телесни во духовни луѓе, од безљубов во љубовта која никогаш не сопира... Амин. Отвори го срцето и дозволи му на Исус да ги посее овие слова кои живот даваат, во тебе, брате и пријателе. Во срцето и душата ти. И биди храм на љубовта. Во Словото на животот, Светото писмо, Отецот преку живото слово ни порачува дека: „Господ ме чува и безбедно и ме води во Своето небесно царство...“ 1 Или во друг препев се вели: 1 2 Тимотеј 4:18 4 „Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во вечни векови. Амин!“ 2 Но, треба да му го дозволам тоа. Да ме избави, запази, да ме чува и води, и да му оддадам слава на Господ Исус Христос. Тоа подразбира Господ, Отецот Небесен и Исус Христос да бидат духовно со мене. Да сме едно тело и еден Дух. Тоа е процесот на крштевањето со Свет Дух. Тоа треба подлабоко да се разбере... Словото вели: „Да се покајат...та да ги исцелам...!“ 3 Не да се исцели и да греши...пак? Поентата не е во исцелителен процес, туку во примање и предавање на Исус с ѐ ...? Волја, тело и душа, мисли, сопственост. И на тоа чија волја спроведуваме, н ѐ одредува дали навистина му припаѓаме на Исус и дали навистина Исус живее во мене, во вас? 2 ibid 3 Свето писмо 5 „Тихо дали има пишано, каде можам да го најдам одговорот, дали јадам од дрвото на спознанието на доброто и злото?“ – ме прашува сотрудничка. „Тоа е кога ти самата знаеш што е добро, а што зло? Не бараш водство од Исус. Ја исполнуваш својата, не Неговата волја...“– ѝ одговарам во Духот Исусов. Да не се раководиме според телесната природа, туку според водството на Духот 4 , тоа значи дека ние живееме по Исус, според Исус, како Исус, по Духот...Дека ние навистина сме едно тело, еден Дух, заедно. Во Римјаните 7:17-23, Исус преку живото слово ни ја објаснува внатрешната борба во секого од нас меѓу телесниот и духовниот човек... 4 Римјаните 8:4 6 Како треба, како ние умираме старите со стари навики за да му припаднеме на Исус. Како да пренесеме плод на љубовта на Бога. Во 6 стих како да: служиме со обновен Дух, не според стариот човек... 14-стих ни вели дека: Законот е духовен. Ние сме телесни. Треба да пораснеме во внатрешниот, духовен, Исусов човек... Во Римјаните 6:7-11, ни ги појаснува термините мртов и жив во духовен смисол. Без дух ние сме мртви. Треба да умре стариот човек. Да живееме за Бога...Во Римјаните 6:4 ни вели за: Погребување на стариот ти. За крштевање во смртта. Како да живееме во заедништво со Духот Утешител, во нов живот...Тоа се поуки не за да се замрзнат во умот, како мртви знаења, туку да се живеат. Да оживеат во секое срце. Еве стихови водилки: 1 Павле 6:13-14 се вели: „С ѐ оживотворува. Дава живот на с ѐ . И заповед чиста ...да се љубиме еден до друг...“ 7 Зошто луѓето немаат сила да се љубат еден со друг? Затоа што не го примаат вистински Исус во срцето. Во 1Тимотеј:16 се вели: „Пази на учењето. Биди постојано во тоа. И постапувај така да се спасиш...“ Да постапуваш, да дејствуваш, да живееш со Исус, во Исус, како Исус. Друг пат нема. Тоа е тесната патека на животот. И ти треба водич, за да не го погрешиш патот. Во Римјаните 8:14-15 се вели: „Син Божји е оној кој го води Духот Божји.“ Потоа ти си посинет и велиш “Татко мој”... И за с ѐ што доаѓа кон тебе, бараш сила и водство од Исус, од Духот Утешител да надвладееш. С ѐ Да победиш со силата и љубовта Исусова. Само така се победува светот, сатаната со Исус во срцето. Да бидеш храм на љубовта. 8 „Слава на Бога, убаво говорите за Библијата!“ - сега гледав на Телевизија „Сонце“. Амин, ме интересира која сте деноминација, пошто ја сум протестант, адвентист...“ -ме најде на месинџер намерник од Велес. Му одговарам: „Не сум дел од земна деноминација, му припаѓам на Исус Христос, на духовната заедница Негова...“ Тој продолжува: „Дали мислиш дека е тоа Библиски, пошто Божјата Црква, јас мислам и во овие последни времиња треба да функционира, каде верниците во целост го почитуваат Божјиот Закон и ја имаат верата Исусова, значи треба да се има Богослужба...“ – ми посочува. Му одговарам: „Имаме мала молитвена група „Сотрудници Исусови“... Имаме служење... молитви, славење... Исус да намножи секаде...“ Ми пишува повторно: „Господ нека ве благослови и упати во целосната вистина потребна за спасение и вечен живот...“ 9 „Сила Исусова со вас и љубените...“ – го благословувам. Откровение Јован 14:12 Еве една молитва со мечот на Духот: „Во името Исусово заповедувам на сите болести да ја напуштат заедницата сотрудници... со двоостар меч ги раскинувам сите сатански врски и ја кршам моќта на сатаната врз нас... Сила Исусова во нас... Амин до Божјо царство небесно...“ и понатаму: „Во името на Господ Исус Христос бегај од заедницата сотрудници, сатано и не враќај се повеќе...!“ и уште: „Оган небесен, Татко мој, во името Исусово да изгори с ѐ што не е од Исус кај секого од нас... Амин. Исус во срцата наши за навек...!“ Еве наредни стихови кои н ѐ подучуваат, во Римјаните 8:9, се вели: „... живееме по Дух. Духот Божји живее во нас. Без Духот не сме Христови...“ Тоа се 10 однесува на црква, душа, држава, организација... Тоа значи да бараме водство и од Духот Утешител за с ѐ што ни се случува и што работиме... Еве уште стихови поука: Римјаните 9:19 „Не можеш да се спротивставиш на Божјата волја.“ И зошто тогаш не ја прифатиш...? Во 20- стих: „Кој си ти што се спориш со Бога?“ 26 стих: „Синови на живиот Бог!“ 27 стих : „...во потполност ќе се изврши словото на земјата...“ И тогаш со кого војуваш, кому му се инаетиш, лутиш, спротивставуваш тогаш? Дијалог со еден сотрудник кој пак се врати во светот, заради својата мајка. О: „Да останеме во Неговите слова за да бидеме Негови ученици. Не да цитираме туку 11 да го живееме словото. Да оживее во нашите срца. Амин. Ситуациите што не ми се допаѓаат ги прифаќам и барам водство од духот како да ги надминам во силата Исусова...“ му пишува што научил, прифатил од проповедите. „Од последната беседа впечаток ми остави: “Израел не се сите што се од Израел!” Тоа значи не се сите христијани што одат во црквите. Туку оние кои го имаат Исус во срцето и кои ги води духот...“ – додава О. 5 Еве што сум му пишал јас во Духот Исусов. „Токму тоа, не си христијанин ако одиш во некоја црква и само зборуваш и слушаш за Исус, туку ако живееш како и по Исус...“ Во Римјаните 10:8-10, се вели: „Слово блиску до тебе на уста и во срцето. Со срцето се верува, со устата се сведочи, 5 Мајка му и сетра му го одвлечкаа и го вратија во светот, да пие апчиња за смирување и да живее паднат во темнината. Го молам Исус да му прости оти не знае што прави. 12 исповедува, проповеда. Кој верува во Него нема да се посрами.“ 4 стих – „крајна цел на Законот е Христос“, тоа значи да се претопиш, соединиш со и во Него. Римјаните 10:21, вели: „Народ непослушен и бунтовен.“ Тоа сме сите ние без водство од Исус. Во 10:17, се вели: „Верата доаѓа од слушање на Божјото слово.“ Тоа е послушност...кон тоа што е пишано од Исуса и Отецот небесен, во 10:13-15, се вели: Да го повикаш Исус да бидеш спасен, од срце да го повикаш. Треба првин да поверуваш, да слушнеш и да му бидеш послушен, да ти биде проповедано во Дух, не по тело, од пратен, испратен од Отецот небесен, сотрудник, учител. Понатаму во Римјаните 11:20:24, се вели: За калемење и отсекување од Божјото тело. Секој може да биде прикалемен и отсечен. На пример поради гордост. Така доктрината еднаш „спасен засекогаш спасен“ не е верна и е подметната мисла од сатаната... 13 О. кого го споменав погоре, се јави сестра му на Манде на мобилен со препорака да го избркаме од групата?! Потоа, истата за скоро време се разболе од рак, велела Исус е мртов...Потоа се молевме, се молеше и О. А него, мајка му не го пушта на средби...Има меѓу 40 и 50 години во земново време. Исус вели во стиховите: „Која е мојата мајка, кои се моите браќа?“ Потоа вели оној кој ја извршува волјата на Отецот небесен ми е брат, сестра, мајка. Манде по молитвена средба добива поука: „Од празна чаша не се пие, од празно срце не се добива љубов. Завидливото око ја гледа темнина. Нема неизмерна љубов во физичко тело. Не знаат да одат по Мојот пат, јас не барам знаење за да исчекорите, туку љубов. Самоубиство е погрешен збор, наметнат од лукавиот. Тој е убиец од почетокот, убиец на љубовта. Но...љубовта е вечна, не умира... 14 Телото бргу ќе остари, ќе ги пушти душата и духот да летнат кај Исуса. Ако се научите да го чувате духовниот имот: радоста, правдата, мирот и силата, ќе знаете да го чувате и материјалното... Само тоа што е во Мене суштествува и постои, тоа што е вон Мене не суштествува...“ – ете тоа слегло во Духот после проповед и молитвена средба. Во постојана молитва повеќе пати и подолго време ќе има резултати...слава ти Исусе...Тоа се поткрепува со стиховите од живото слово: „спротивставете се со тврда вера“. Еве други поуки од словото на животот. Во Римјаните 1:1-3, се вели: Телата наши да се подадат да служат на Исус, да бидат храм на Светиот Дух. Да имаме возобновен ум да не мислиме како порано. Исус да ни биде во умот. Да ја познаеме волјата Божја. Да немаме високо мислење за себе кое води во гордост- грев. И понатаму, Римјаните 12:21, порачува: 15 Не допуштај злото да те надвладее, победи го злото со добро. Исусов принцип и одредница за однесување кон с ѐ Бараш сила од Него да победуваш со љубовта... Слава ти Исусе... И слегло на Манде по молитвена средба: Животот раѓа живот, љубовта раѓа љубов. Од каде во вас се роди гневот, бесот, омразата, зависта? Некој пее, а некој плаче...Сеедно, ако сте радосни славете го Христа, ако сте болни молете го. Кога изрекувате збор Божји, тој како остар меч ги сече невидливите врски со кои лукавиот сака да ве врзе. Скокањето по предмети е скокање во безумност. Портата на спасението е Исус. Тоа значи дека Тој н ѐ штити од секакви влијанија. Таа порта е силна, семоќна, совршена. Исус ми ја гали душата. Глувите ќе слушнат за Исус, а вие при уши „глуви”! Затоа ви реков: „пазете како слушате”! Слушнете ја вистината, а таа е во Исус. Неговото постоење е вечно, во бескрајно море 16 на милост. Нека изгрева и заоѓа љубовта во вашето срце. Одиме понатаму во Римјаните 13:8, се вели: Да не должиме ништо, освен љубовта. Се мисли на земање, давање, односи со луѓе, мисли и чувства... Во Римјаните 13:11-14...порачува: да се разбудиме од сонот, телесен живот... да се облечеме во оружјето на светлината. Во Дух. Да се облечеме во Исус... Таа е болна од рак, поради грев кон близок и Исус. Ѝ пуштам порака...ми вели да не ја вознемирувам неа и семејството. Од тука превзема Исус. Исусе напомош... „Ти си одговорен за нив пред Исус. Имаш сила од Него. Или се тие пред Исус. Тоа е идолопоклонство. Немам јас ништо со тебе Елисеј, му рече Илија. Деца убај Исусови...“ – му пишав на сотрудник кога членови на 17 семејство го туркаат во калта и блуеницата, велми го крадат од Исуса. „Ковидот е духовен напад, кој се сеќава на телото. Затоа треба да се биде со тврда вера дека Исус е со нас и дека ништо нема да ни напакости. Ако се плашиш се поклонуваш на ликот на ѕверот на ковидот, и немаш вера, доверба во Исус...Мир вам...“ – сум им пишал во Духот поука за демонските атаци со ковидот. Молитва: „Согласни сме и собрани во Твое име Господе Исусе Христе дека нам, на сите и на оние за кои се застапуваме во молитвите ни е потребно сила, љубов и исцелителен процес во Тебе...“ А како инаку, да се надеваме ли на светот и човек, тоа е проклетство, пишано е. Римјаните 14:1, н ѐ потсетува: ...со слабиот во вера да не се расправаме оти не разбира...Во 4-ти стих, кои сме ние да ги судиме другите, Исус ќе ни суди на сите...во 7 и 18 8-ми стих, сите ние му припаѓаме на Исус, припадност и сопственост...Во 10-ти стих Исус ќе ни суди на сите... Манде, слезени поуки во Дух по молитвите: „Вие сте богати онолку колку што дарувате, колку што е полна вашата прегратка со дар на утеха. Мерката ваша и мерката на Господ Исус Христос не е иста. Божјиот збор е како секавица, која е силна и пробива во светлина. Останете под превезот на крвта Христова. Луѓето се чувствуваат стари, уморни, бесцелни. Тоа е состојба на темнината. Во вечноста постои само еден закон - Љубовта! Блажени се оние кои го веат знамето на мирот. Мирот Исусов е лек против злото. Затоа се вели дека миротворците се синови на светлината. Колку зрна земја, колку капки вода - толку љубов на Семоќниот создател за секој што ќе го повика името Исус. Линија меѓу животот и смртта е линијата меѓу Исус и лукавиот. Тоа е крстот и распетието. Името Исус не се менува 19 под „ничиј” притисок. Читајте од книгата над книгите, таа ќе ве нахрани со небесен леб кој се раздаде за секого. Животот е како книга, а дните „страници” на книгата. Некој сака и плаче оти нема пари, некој тагува за партнер, друг за деца...„С Ѐ ” ќе имате само во Исус. Уздите на јазикот нека ви бидат во срцето. Срце кое му припаѓа на Исус е како вулкан кој не запира...“ - тоа слегло кај Манде после проповедта и славите и молитвите. Слава ти Господи Исусе Христе, што н ѐ правиш храм на љубовта. Исус исцелува. Он н ѐ исцели сите. Другото е вера и дали живее во твоето срце, дали си едно со Него. Слава ти Исусе... Завчера доаѓам во Мавровско, има снег, колата е долу на бензинска. Утредента слегувам дупната гума. Зедов лопата од бензинска и откопав за да тргнам и дојдов со издишена гума на автоматот за пумпање. Веднаш едно семејство ми помага.